119 нови случаи со Ковид-19, тројца починати
Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 223.330, бројот на оздравени пациенти е 210.732, на починати е 7.907, а бројот на активни случаи изнесува 4.691.

Во последните 24 часа направени се 2.324 тестирања, а регистрирани се 119 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 87, Битола – 7, Кавадарци – 6, Куманово – 4, Прилеп – 3, Свети Николе и Македонски Брод – по 2, Охрид, Штип , Струмица, Кочани, Струга, Ресен, Демир Хисар и Демир Капија – по 1.
Регистрирани сe 257 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 3 починати лица: по едно починато лице од Скопје (71г), Струмица (82г) и Битола (49г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 223.330, бројот на оздравени пациенти е 210.732, на починати е 7.907, а бројот на активни случаи изнесува 4.691.
Досега во земјата се направени вкупно 1.576.424 тестирања на Ковид-19.
