ВМРО-ДПМНЕ бара нова седница за пратенички прашања
Од партијата велат, Владата во оставка избега од седницата за поставување на пратенички прашања, така што прашање не можеше да им поставуваме ниту на носители на јавни функции кои се бирани од Собранието. Посочуваат дека на седницата на пратенички прашања не одговараат само министрите и претседателот на Владата, туку сите именувани функционери.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски најави дека ќе поднесат потписи за свикување нова седница за пратенички прашања на 30 декември 2021 година, или последниот четврток во месецот. Од партијата велат, Владата во оставка избега од седницата за поставување на пратенички прашања, така што прашање не можеше да им поставуваме ниту на носители на јавни функции кои се бирани од Собранието. Посочуваат дека на седницата на пратенички прашања не одговараат само министрите и претседателот на Владата, туку сите именувани функционери.
Според нив, ова се двојни стандарди, сѐ со цел да се заштитат Зоран Заев и министрите и да не дадат одговори за низа на скандали, афери и штетни политики.
Претседателот на Парламентот, Талат Џафери образложи дека Владата во моментот кога е во оставка, Собранието констатира престанок на мандат и Владата не може да кореспондира со Собранието. Тој појасни дека на седница за поставување пратенички прашања обврска е да присуствува премиерот, кој нема мандат, како што нема ниту еден од министрите. Членовите на Влада немаат мандат, а Владата не може да ја претставува заменик-министер.
Според Деловникот, седница за пратенички прашања вообичаено се поставуваат во последниот четврток од месецот, но поради локалните избори, Собранието не одржуваше седници и комисии. Последната седница беше одржана на 24-ти јуни годинава.
Игор Панов
