Остен ја награди Марина Абрамовиќ со гран- при за животно остварување
02.04.2014 10:50
„Биеналето на цртеж за 2014“ на Остен Арт треба да се одржи во септември...

Познатата современа уметница Марина Абрамовиќ од Црна Гора, која живее и работи во САД и Хуан Миро од Шпанија се добитниците на главните награди на Остен Арт „Биенале на цртеж 2014“.
Абрамовиќ ќе го понесе Гран- прито за животно остварување, а шпанскиот уметник Миро, наградата „Светско културно наследство“.
За добитниците на наградите денеска Остен Арт организира средба со претставници на медиумите на која ќе присуствуваат шпанскиот амбасадор во Република Македонија, Фернандо де Галаинена, директорот на Националниот музеј на Црна Гора Павле Пејовиќ, како и претставници од амбасадата на Црна Гора и од Остен.
„Биеналето на цртеж за 2014“ на Остен Арт треба да се одржи во септември.
