Политика
ВМРО-ДПМНЕ: Ништо не е сменето во СДСМ, Заевизмот продолжува
28.12.2021 09:20
Не може разединета партија како СДСМ да зборува за обединување. Според опозицијата, ништо не е сменето во СДСМ.

Раководството на Димитар Ковачевски се исти луѓе, исти вредности. Заевизмот продолжува, Македонија со СДСМ во порази, реагираа од ВМРО-ДПМНЕ. Велат, не може разединета партија како СДСМ да зборува за обединување. Според опозицијата, ништо не е сменето во СДСМ.
„Ковачевски како вистински пиун на Заев читаше исти реченици. Ништо не е сменето во СДСМ, социјалдемократските вредности од минатото истите луѓе кога сами за себе велеа дека имаат плава крв сега се на чело на СДСМ. Ковачевски е разгласна кутија на Заевизмот“, велат од опозициската партија.
