Ахмети: Нема потреба од предвремени избори
Немаме потреба за предвремени парламентарни избори бидејќи земјата треба да ги реши проблемите со кои се соочува, вклучувајќи го и спорот со Бугарија, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Посочи дека преговорите со Бугарија не се лесни, но значајно е да има конструктивен дијалог и добра волја...

Ако сакаме да имаме стабилна држава, која треба да работи за што поскоро членство во Европската унија и решавањето на препреките за да се изоди овој пат, во моментов нема никаква потреба од превремени парламентарни избори, рече лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Во процес сме на решавање на многу емотивно прашање, а тоа е бугарското. Секоја друга коалиција кои бо произлегла од новите избори, не би била подготвена да се соочи со овој предизвик каде има напредок, вели Ахмети.
„Сметам дека прашањата се унапредени. Досега ги имавме предвид тешкотиите со кои се соочуваше Бугарија со изборите и со одолжувањето на формирање на парламентарно мнозинство и основање на институциите. Разликите се доближени, а тоа е помогнато од страна на меѓународната заедница кои се заинтересирани да има мир и стабилност. Се надевам дека во месеците пред нас овој проблем ќе има епилог, но ниту нашите, ниту бугарските, не треба да политизираат со ова прашање и да не вметнуваат емоции“, вели Ахмети.
Ахмети истакна дека ДУИ нема да се откаже од ветингот и се до неговото спроведуавњето ќе биде еден од главните приоритети. На Запад и Америка полни се затворите со функцинери, кај нас тие се во многу мал број.
„Во однос на ветингот ние сме разговарале со цивилното општество. Чистотата на луѓето кои ја водат државата треба да започне од политката, од судството, од обвинителството , од полицијата. Моја проценка е следната, има илјадници фунцкиомнеир во САД и Европа кои се затворени, а кај нас фунцционерите се малцинство во затворите“, вели Ахмети.
Тој дополни дека разговарал со новиот претседател на СДСМ, Ковачевски, кој како што рече е искусна личност и на чело со него и натаму ќе продолжиме со успешно спроведување на владината програма.
Како и до ега со сите коалицони партнери во власта така и со новиот, очекувам добра и плодна соработка, посочи Ахмети.
Зоран Димовски
