Македонија

Редовна 130-та седница на Владата

28.12.2021 09:46

На дневниот ред е предвидено да се најде информацијата со Предлог-одлука за прераспределба на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за Стратешки зелен инвестициски фонд...

Владата денеска со почеток во 12 часот ќе ја одржи редовната 130-та седница. На дневниот ред е предвидено да се најде информацијата со Предлог-одлука за прераспределба на средства од Буџетот на Република Северна Македонија за Стратешки зелен инвестициски фонд, како и информација за спроведување на ИПА проектот „Подготовка на стратешки мапи за бучава и акциски планови со програма со мерки“, информираат од владината прес- служба.

На оваа седница, меѓу другото, ќе се расправа и по информацијата за Предлог-стратегија на Владата на Република Северна Македонија за соработка и развој на граѓанското општество, со Акциски план 2022-2024.