Ковид-19

САД: Преполовено времето на изолација за асимптоматски инфекции

28.12.2021 09:53

Според Центарот за контрола и превенција на болести за време на петдневниот период на изолација треба да се носат маски.

Соединетите држави го преполовија препорачаното време на изолација за лицата со асимптоматски инфекции со Ковид-19 од 10 на пет дена.

Според Центарот за контрола и превенција на болести за време на петдневниот период на изолација треба да се носат маски.

Промената доаѓа откако напливот на инфекции со Ковид-19 предизвикан од варијантата Омикрон доведе до недостиг на работна сила и прекини во авиокомпаниите и другите услуги.