Ковид-19

Австралија: Над 800 луѓе добиле погрешни ковид резултати

28.12.2021 10:17

Пропустот бил поради грешка во обработката на податоците, а некои од тестираните се загрижени дека можеби несвесно ги заразиле своите најблиски за време на божиќните празници.

Стотици луѓе во лабораторија во Сиднеј добиле негативни резултати на тестот за коронавирус и покрај тоа што биле позитивни на вирусот.

Пропустот бил поради грешка во обработката на податоците, а некои од тестираните се загрижени дека можеби несвесно ги заразиле своите најблиски за време на божиќните празници.

Лабораторијата се извини за грешката, која погодила вкупно 886 луѓе.