Свет
САД- Русија: Разговори за Украина на 10-ти јануари
28.12.2021 10:55
Ќе се разговара и за прашањата поврзани со контролата на нуклеарното оружје.

Вашингтон и Москва на 10-ти јануари ќе разговараат за Украина и за важни безбедносни прашања. Ќе се разговара и за прашањата поврзани со контролата на нуклеарното оружје.
Генералниот секретар на НАТО предложи состанок на советот НАТО- Русија да се одржи на 12 јануари.
Рускиот претседател Владимир Путин рече дека ќе разгледа различни опции доколку западот не одговори на неговото инсистирање за безбедносни гаранции за проширувањето на НАТО кон Украина.
