Значењето на боите во домот
Правилниот избор на бои, може да помогне да се чувствуваме поопуштено и посмирено.

Боите во домот ги избираме според трендовите и според нашиот вкус.
Но, уредувањето на домовите не е само работа на естетика. Вжно е, да се водиме од своето лично чувство и стил.
Правилниот избор на бои, може да помогне да се чувствуваме поопуштено и посмирено.
Терапијата со бои, или хромотерапија се применува ширум светот, векови наназад. Добриот избор на бои влијае на нашето расположение.
Така, за дневни соби, најмногу одговараат релаксирани, сини и зелени тонови, земјени нијанси,како кафеава и жолта и неутрални бои, како што е белата.
Во трпезаријата бојата може да биде црвена или портокалова, зашто се смета дека овие нијанси го подобруваат апетитот. Се препорачуваат и розеви нијанси. Розевата одговара и за кујни. За кујните се препорачуваат и бела боја, земјени тонови и сина.
Спалните соби, каде се омораме би требало да бидат во нежни, неутрални тонови.
Аида Николовска
