ИЈЗ: Намален бројот на хоспитализирани пациенти, зголемен број реинфекции
Во изминатава недела имало 43 реинфекции, што претставува зголемување од речиси 20 проценти во однос на претходната седмица. Бројот на смртни случаи е намален, а најголем дел од починатите имале повеќе од 60 години.

Институтот за јавно здравје ги објави неделните податоци за состојбата со Ковид-19. Регистрирани се над 1.900 новозаразени, речиси исто како и претходната недела. Најмногу случаи има во Скопје, Куманово, Тетово и Прилеп, а највисок морталитет во Прилеп, Охрид и Кавадарци. Репродукцискиот број на заразени веќе надминал единица.
Во изминатава недела имало 43 реинфекции, што претставува зголемување од речиси 20 проценти во однос на претходната седмица. Бројот на смртни случаи е намален, а најголем дел од починатите имале повеќе од 60 години.
Во болниците се хоспитализирани 312 пациенти, за 10 проценти помалку од претходната недела.
Според податоците на ИЈЗ, 40 проценти од вкупното население е вакцинирано со две дози вакцина.
