Свет
Во Виена преговори за Иранската нуклеарна програма
28.12.2021 11:59
Техеран наведе дека преговорите треба да се фокусираат врз укинување на санкциите за исламската република и „гаранции“ дека Вашингтон ќе се врати на договорот.

Осмата рунда разговори за оживување на историскиот нуклеарен договор меѓу Иран и светските сили беа рестартирани во Виена. Техеран наведе дека преговорите треба да се фокусираат врз укинување на санкциите за исламската република и „гаранции“ дека Вашингтон ќе се врати на договорот.
Претходната седма рунда заврши на 17-ти декември, откако Техеран додаде некои нови барања во работниот текст. Иранскиот министер за надворешни работи рече дека на дневен ред треба да биде „прашањето за гаранции и верификација“ за укинувањето на американските санкции доколку Вашингтон се врати на договорот.
