Џафери: Собранието изминатава година работеше ефикасно
Собранието ја потврди својата ефикасност и продуктивност и во ограничени услови, изјави спикерот Џафери. Додава- секогаш може повеќе, нашите уставни и деловнички обврски ќе продолжат и понатаму да бидат основната рамка во која ќе се движи законодавниот дом...

Собранието во изминатава година работеше ефикасно – оцени претседателот на законодавниот дом. Џафери рече дека е задоволен од сработеното во услови на пандемија, и воопшто политичката клима во државава. Застој во работата немаше. Вкупно завршени се 39 собраниски седници,и донесени се преку 200 закони.
„Не може да се очекува дека сѐ ќе оди мазно оти ова е парламентарна демократија и нормално е да има спротивставни мислења. Можеби комисиите можеше да работат подинамично, иако во Деловникот се предвидени рокови“, рече Џафери.
Во однос на барањето на опозицијата за седница за пратенички прашања во четврток, Џафери најави дека ќе го одбие, бидејќи било преспредметно.
Собранискиот спикер најави дека прва работа во новата година ќе биде гласањето на новата влада. Ваквите проценки, истакна Џафери, ги темели врз основа на уставните рокови, и политичките консултации кои се во тек.
Марина Стојанова Тонева
