ДКСК: Потребни се законски решенија за контрола на готовината што се добива
Антикорупционерите побараа владата, финансиските институции и сите надлежни да најдат законски решенија за контрола на готовината што се добива и заштитата на личните податоци. Откриле можен случај на перење пари од обложувачници. Побарале од Финансиската полиција да испита, по што управата дојавила во Обвинителството. Комисијата расправаше и за имотните состојби на поранешни членови на влада, пратениции и други службени лица.

Антикорупционерите бараа непријавен имот, а открија можен случај на перење пари од обложувалници. При проверка на имотната состојба на поранешната министерка за култура Канческа- Милевска, антикорупционеите забележале непријавени средства на сметката на нејзиниот сопруг од над милион денари како добивка од игри на среќа. Откако таа реагирала дека ниту таа, ниту некој во семејството го прави тоа, антикорупционерите кои и претходно наишле на ваков случај поради сомнеж за перење пари, случајот го проследиле до Финансиската полиција од каде веќе е реагирано, велат антикорупционерите.
Според перцепцијата на граѓаните за корупција веднаш зад правосудството е здравството и тоа во врска со давање здравствени услуги, како и со јавните набавки од висока вредност како медицинска опрема, лекови и друго. Исто така и донациите за кои договори склучуваат јавните здравствени установи за што малку се знае, вели првата антикорупционерка. Затоа, в година ќе прават засилени проверки на податоците во изјавите за имотна состојба.
Антикорупциска постапи по предмети за проверка на имотни состојби на поранешни министри, заменици- министри, пратеници, разни слиужбени лица, претседатели на управни одбори и судии.
Фиљана Кока
