Аерозагадувањето руши рекорди
Аерозагадувањето руши рекорди во метрополата. Отровни ПМ 10 честички во воздухот во Скопје неколку дена по ред. Стапија во сила мерките на Град Скопје за намалување на аерозагадувањето. Активистите за животна средина, велат, краткорочни мерки нема да го спасат Скопје...

Отровни ПМ10 честички во воздухот во Скопје неколку дена по ред. Одамна е надминато дозволеното ниво. Македонската метропола е на листата најзагадени главни градови во светот.
Поради зголеменото загадување на воздухот, кое го констатира Министерството за животна средина, Град Скопје усвои низа мерки и препораки меѓу кои бесплатен јавен автобуски превоз, сѐ додека не се намали нивото на штетните ПМ 10-честички во воздухот.
Граѓаните сметаат дека мерките ќе створат дополнителен метеж, а ковид протоколите ќе се занемарат.
Според дел од екологистите, најслабата карика во справувањето со загадениот воздух се инспекциските служби.
А, додека граѓаните се гушат во смог, партиите меѓусебно се обвинуваат.
Арсовска крати буџетски средства во секторот за животна средина, поништува еколошки проекти и најавува популистички мерки. Покрај тоа што за три пати ги намали средствата за Секторот за животна средина, Арсовска сериозно ги намали и средствата за субвенционирање на трошоците за набавка на инвертори- велат од СДСМ.
ВМРО-ДПМНЕ смета дека гасификацијата е еден од главните фактори кои ќе ја намалат загаденоста на воздухот, а владата на СДСМ не е способна да ја спроведе.
Александра Спировска
