До петок одлука за цената на струјата
Регулаторите сѐ уште ги анализираат пристигнатите барања од енергетските компании. Сите побарале зголемување на цената на електричната енергија.

Регулаторната комисија за енергетика утре ќе одржи подготвителната седница на која, пред енергетските компании ќе ги презентира механизмите кои ќе ги активира при носење на новата одлука за цената на струјата, информира портпаролката на Регулаторна, Марина Узунов.
Појаснува дека станува збор за исклучителенo комплексен процес и во време на енергетска криза сите страни мора да се солидаризираат.
Регулаторите сѐ уште ги анализираат пристигнатите барања од енергетските компании. Сите побарале зголемување на цената на електричната енергија.
Најдоцна до петок комисијата треба да ја донесе одлуката за цената на струјата за граѓаните, што ќе важи во првите шест месеци од наредната година
