Македонија

Загаден воздухот и во Струмица, општината со препораки за заштита

28.12.2021 16:02

Рекордни 704 ПМ 10 честички, синоќа се измерени во Струмица. Маглата дополнително придонесе смогот да остане ниско. И таму во сила се препораки за заштита...

Рекордни 704 ПМ 10 честички измерени синоќа во Струмица. Маглата дополнително придонесува смогот да остане ниско. Од синоќа донесени препораки до граѓаните кои опфаќаат повеќе параметри.

Да се реорганизира работното време за оние кои работат на отворено од 11 до 17 часот, препорака за ограничени движења и активности на отворен простор на најранливата популација  и децата, да се ослободат од работни обврски бремени жени, лицата постари од 60 години, лица со хронична астма, лица со прележан инфаркт или мозочен удар без разлика на возраста и друго.

Активистот од „Здрава котлина“, но и советник во општина Струмица, конкретизира дека инспекциските служби немаат известување кои и колку загадувачи се казнети, или забележана е некаква нерегуларност и непочитување по однос на интегрираните дозволи.

Од општината и со препорака дека треба да се воведат итни мерки за ограничување на сообраќајот во градското централно подрачје при што приватниот автомобилски сообраќај да биде забранет во центарот на градот. Забраната да не ги опфаќа јавните автобуси, такси- возилата, итните транспортни возила, брзата медицинска помош и полициските возила.

Стојне Митева