Политика

Ковачевски ќе го добие мандатот за влада од Пендаровски

29.12.2021 09:12

Ковачевски најави дека во фокусот на неговиот кабинет ќе бидат економијата, заштитата на здравјето на граѓаните и нивна финансиска поддршка, како и кон евроинтеграциите. Вети- отфрлање на внатрепартискиот клиентелизам и функционирање на правната држава...

Претседателот Пендаровски денеска  во 13 часот ќе му го врачи мандатот на лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Со тоа почнува да тече рокот за составот и за програмата на новата влада.

Ковачевски најави дека  во фокусот на неговиот кабинет ќе бидат економијата, заштитата на здравјето на граѓаните и нивна финансиска поддршка, како и кон евроинтеграциите. Вети - отфрлање на внатрепартискиот клиентелизам и функционирање на правната држава.

Откако  ќе го добие мандатот за формирање нова влада, се очекува во текот на првата половина на следниот месец Ковачевски до Собранието да ги достави програмата за работа и составот на новиот владин кабинет, по што пратениците ќе треба да гласаат за избор на новата влада. Разговори за составот на новиот владин кабинет, како што најави, ќе има веќе од денеска, по што ќе го направи изборот.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери вчера изјави дека согласно целата постапка за избор на нова влада, таа би ја преземала функцијата на 17-ти јануари 2022-ра година.

За да биде избран, за предложениот владин кабинет на Ковачевски треба да гласаат најмалку 61 пратеник во Парламентот. Новото парламентарно мнозинство составено од коалицијата предводена од СДСМ, заедно со ДУИ, Алтернатива и ДПА има 64 пратеници во Собранието.