4.801 активен ковид- случај во земјава, апел до граѓаните да се вакцинираат
Продолжуваат апелите на надлежните институции граѓаните да се вакцинираат против Ковид-19 со цел да се дојде до колективен имунитет и да се спречи ширење на мутации на коронавирусот. Досега во земјава има само еден случај на новиот сој на Ковид-19, Омикрон...
Бројот на активни ковид случаи во земјава изнесува 4.801. Продолжуваат апелите на надлежните институции граѓаните да се вакцинираат против Ковид-19 со цел да се дојде до колективен имунитет и да се спречи ширење на мутации на коронавирусот. Досега во земјава има само еден случај на новиот сој на Ковид-19, Омикрон, а епидемиолошкота состојба останува стабилна. За време на новогодишните празници, според надлежните не се потребни дополнителни рестрикции.
Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани нови 409 случаи на Ковид-19 од направени 4.751 тестирања. Оздравени се 289 пациенти, а починати шест лица.
Досега во државава се направени вкупно 1.581.175 тестирања на Ковид- 19, а вкупната бројка на ковид дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 223.739, оздравени се 211.021, а 7.917 починале.
