„Јавна соба“ повторно активна на Телеграм, МВР постапува по случајот
Известено било и Обвинителството. Скандалот со „Јавна соба“ беше обелоденет минатата година кога фотографии и видеа со девојки, од кои некои малолетни, се споделуваа во групата на социјалната мрежа Телеграм.
МВР постапува за новата, трета група на социјалната мрежа Телеграм- „Јавна соба“. Во неа се споделуваат фотографии, профили од социјални мрежи, лични податоци, адреси и броеви од девојки од Македонија.
Известено било и Обвинителството. Скандалот со „Јавна соба“ беше обелоденет минатата година кога фотографии и видеа со девојки, од кои некои малолетни, се споделуваа во групата на социјалната мрежа Телеграм.
Групата беше затворена, но во јануари годинава повторно беше отворена нова група. Обвинителството во април поднесе обвинение прототив две лица на возраст од 32 и 21 година, кои се товарат за кривично дело – производство и дистрибуција на детска порнографија.
Во скопскиот Кривичен суд почнато е судењето за случајот „Јавна соба“ против двајца обвинети лица.
