Прајс: Прерано е да се коментираат преговорите со Иран
Во осмата рунда преговори, Иран и Русија изразија оптимизам за спас на Спогодбата со која САД и уште пет земји се обврзаа да ги укинат санкциите за Техеран во замена за прекин на развојот на неговата програма за нуклеарното оружје.

Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс изјави дека е прерано да се коментираат тековните нуклеарни преговори со Иран во Виена. Американската администрација очекува Техеран да ги почитува условите во Договорот од 2015 година.
Во осмата рунда преговори, Иран и Русија изразија оптимизам за спас на Спогодбата со која САД и уште пет земји се обврзаа да ги укинат санкциите за Техеран во замена за прекин на развојот на неговата програма за нуклеарното оружје.
Вашингтон не ги отповика казнените мерки, па преговарачите сега се обидуваат да најдат начин да ги вратат двете страни во Пактот. САД се повлекоа во 2018 година, по што Иран почна да прави отстапки од обврските.
Техеран одбива директни преговори со Вашингтон, а претседателот на Иран Ебрахим Раиси најави посета на Русија на почетокот на идната година на покана од својот колега Владимир Путин.
