Кривичен суд

Одобрено обвинението против Рашковски

29.12.2021 13:10

Скопскиот Кривичен суд го одобри обвинението против Драги Рашковски и уште шестмина за нелегална набавка на софтвер и перење пари...

Скопскиот Кривичен суд го одобри обвинението против Драги Рашковски и уште шестмина за нелегална набавка на софтвер и перење пари.

Обвинението беше поднесено на 8-ми октомври годинава. Обвинителниот акт, кој по жалба на одбраната на решение за определување привремени мерки за обезбедување имот, беше испратен на надлежно одлучување во скопска Апелација.

По враќање на предметот, донесено е решение со кое обвинението се одобрува во целост, информираа од Кривичен. Предметот согласно со Акмис-системот ќе биде распределен на понатамошно постапување кај судија.