Македонија

Признанија за здравствените работници вклучени во борбата со Ковид-19

29.12.2021 14:53

Премиерот Заев и министерот за здравство Филипче на директорите и менаџерските тимови на клиниките од јавното здравство кои најнепосредно беа вклучени во борбата со пандемијата од Ковид-19, денеска им ги предадоа плакетите што ќе им бидат врачени на над 8.000 здравствени работници...

Премиерот Заев и министерот за здравство Филипче на директорите и менаџерските тимови на клиниките од јавното здравство кои најнепосредно беа вклучени во борбата со пандемијата од Ковид-19, денеска им ги предадоа плакетите што ќе им бидат врачени на над 8.000 здравствени работници во земјата за нивното пресудно и исклучително важно учество справувањето со последиците од вирусот и епидемијата.

„Инвестициите во човечкиот потенцијал се клучни за унапредување на квалитетот на здравствените услуги за сите граѓани, но тие мора да одат заедно со капиталните инвестиции во здравствениот сектор. Токму затоа континуирано ги подобруваме условите во болниците и вложуваме во изградба на нови“, потенцираше Заев.

Министерот за здравство нагласи дека иако медицинскиот кадар целосно се посвети на борбата со пандемијата во континуитет се вршеа сите итни прегледи и интервенции, а лекови и терапија обезбедуваме во континуитет за сите пациенти.  Додаде дека сите здравствени работници покажаа високо ниво на професионалност, сплотеност и колегијалност и во ниту еден момент не потклекнаа под притисокот.

Филипче нагласи дека последните недели во континуитет се бележи пад на бројот на новодијагностицирани случаи и процентот на позитивни од тестирани, се намалува и бројот на хоспитализирани, а со тоа е спласнат и притисокот врз болниците и дека се надева дека овој тренд ќе продолжи.