Како да се намали ризикот од камен во бубрегот

02.04.2014 11:39

Со оглед на тоа дека еден од факторите за ризик за појава на камен во бубрег е начинот на исхрана и недоволниот внес на течности, се препорачува земање на поголеми количини негазирана вода, чај од брусница, лимонада, чаеви за уринарниот тракт.Пациентите кои имале камен во бубрег, имаат 70 отсто поголем ризик од негово повторно создавање. Со цел ризикот да се намали, потребно е да се придржувате кон едноставни правила. Дневната количина на излачена урина треба да изнесува над два литри. Не треба да пиете сок од грејпрфрут, бидејќи тој придонесува за создавање камен.

Со оглед на тоа дека еден од факторите за ризик за појава на камен во бубрег е начинот на исхрана и недоволниот внес на течности, се препорачува земање на поголеми количини негазирана вода, чај од брусница, лимонада, чаеви за уринарниот тракт.Пациентите кои имале камен во бубрег, имаат 70 отсто поголем ризик од негово повторно создавање. Со цел ризикот да се намали, потребно е да се придржувате кон едноставни правила. Дневната количина на излачена урина треба да изнесува над два литри. Не треба да пиете сок од грејпрфрут, бидејќи тој придонесува за создавање камен. Пациентите кои имаат камен составен од калциум оксалат во исхраната би требало да избегнуваат спанаќ, зелје, зелена салата, грашок, боранија, цвекло. Кај фосфатните камења треба да се избегнува риба, жолчка, млеко и млечни производи, а кај уратните камења црвено месо, грашок, боранија, грав, бадеми, кикирики и печурки. Сите пациенти кои имаат камења треба да избегнуваат сол во исхраната.