Македонија
Царинската управа заплени 139 килограми марихуана на граничниот премин Дојран
29.12.2021 15:17
Мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги при Царинската управа спречија обид за криумчарење на 139 килограми опојна дрога марихуана...

Во текот на вчерашниот ден на ГП Дојран при вршење на детална царинска контрола на товарно моторно возило пријавено за излез од државава, мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги при Царинската управа на Република Северна Македонија спречија обид за криумчарење на 139 килограми опојна дрога марихуана.
Дрогата е запленета, а по собирање на доказите и утврдување на сите околности за настанот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава против осомничениот по член 215 од Кривичниот закон, соопштуваат од Царинската управа.
