Административни бариери, менување на законите, недостиг од кадар- главни проблеми на странските инвеститори
Административни бариери, често менување на законите, недостиг од стручен кадар – ова се главните проблеми со коишто се соочуваат странските инвеститори што оперираат во земјава. Велат, поради кризата им се намалил обемот на производство, а се намалил и бројот на вработени...

Најголем број од странските компании во земјава бараат државна помош, покажа анеката на нивната асоцијација. Поради кризата, половина од нив бележат пад на обемот на производство за 10 до 15 проценти. И бројот на вработените е намален за околу 2 насто.
Странските компании велат, во земјава има работна сила, државна помош и добра инфраструктура. Но, им пречи тоа што недостига доволно стручен кадар, се соочуваат со административни бариери и често менување на законите. Во Македонија најголем број од странските инвестиции се сконцентрирани во главниот град, за разлика од другите земји каде што тоа не е пракса.
Првиот човек на слободните зони очекува 2021-ва да биде рекордна година.
Според истражувањето, странските компаниите кога не би инвестирале во Македонија, својот капитал би го насочиле во Србија, Бугарија, Мароко, Романија, Турција.
Наташа Јанчиќ Менковски
