Повторно отворена групата „Јавна соба“, МВР постапува по случајот
На интернет, повторно нова група „Јавна соба“ на која се споделуваат лични податоци и интимни фотографии на девојки од Македонија. Од МВР велат дека се запознаени со случајот и постапуваат. Ваков скандал беше обелоденет минатата година. Групата веше затворена, па повтоно отворена во јануари по што Обвинителството поднесе овбинение за двајца креатори на кои им се суди...

Повеќе од 60 фотографии и 14 видеа повторно проциркулираа на социјалната мрежа „Телеграм“. Над 260 членови во нова група „Јавна соба“ споделувале интимни содржини од девојки и жени, разменувале нивни адреси, контакти и лични податоци. Од МВР велат дека знаат за случајот и веќе постапуваат.
Инаку, случајот со групата „Јавна соба“ е актуелен веќе две години кога неколку девојки пријавуваа злоупотреби на нивни слики, а јавноста беше згрозена од содржините на затворените групи на интернет. Годинава случајот повторно се актуелизираше откако друга девојка јавно го сподели своето искуство со сексуално вознемирување во групата.
Основното јавно обвинителство преку Министерството за внатрешни работи на 27-ми јануари 2021-ва година се обрати до меѓународниот сервис провајдер за услуги „Телеграм“, за да ги добие реалните податоци за корисничките профили на креаторите, администраторите и членовите на групата.
Невладините организации и граѓани изминатиот период постојано бараа расчистување на овој случај, а на 8-ми Март, Платформата за родова еднаквост организираше и протестен марш со цел да упати порака и да побара од институциите темелно расчистување на случајот „Јавна соба“.
Во април оваа година, по силните реакции од јавноста скопското обвинителство поднесе обвинителен акт против две лица на возраст од 32 и 21 година кои се товарат за производство и дистрибуција на детска порнографија.
Катерина Топалова
