Пендаровски му го врачи мандатот на Ковачевски за состав на нова влада
Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот за состав на влада на лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски. Мандатарот во рок од 20 дена на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на владата. Ковачевски вели дека почнува со формирање тим кој треба да одговори на сите предизвици. „Новата влада ќе има јасна цел, обезбедување сигурност подобар живот и светла иднина за нашите граѓани“, изјави тој...

Претседателот Стево Пендаровски му го довери мандатот за состав на Влада на новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.
Ковачевски по доделувањето на мандатот посочи дека започнува со формирање на тим кој треба да одговори на сите предизвици. Вели дека живееме во турбулентни времиња, времиња на кризи и неизвесности, како и долгогодишни проблеми кои го попречуваат напредокот на државата и остварувањето на стратешките цели.
Лидерот на СДСМ Ковачевски вели дека новата влада јасно ќе ги дефинира приоритетите за работа. Секоја минута од нашето време во Владата мора да ја посветиме на клучните проблеми со кои се соочуваат нашите граѓани, а тоа е економската несигурност и животниот стандард. Најавувам силен фокус на економскиот развој на земјата и финансиска поддршка на семејствата, рече Ковачевски.
По преземањето на мандатот, лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски има 20 дена да состави влада и предлогот да го поднесе до Собранието. Од власта посочуваат дека обезбедени се 64 пратеници кои ќе глласаат за новата влада, откако опозициската Алтернатива се согласи да влезе во извршната власт.
Игор Панов
