Претставници на компанијата „Бен Дор“ во Гевгелија
Според најавите од израелската компанија во Македонија има повеќе од поволни климатски услови, така што инвестицијата првично би била насочена кон отворање центар за пакување и ладилници во соработка со постојните производители во државата.

Претставници на израелската компанија „Бен Дор“, која работи на развој на нови сорти овошје и сака да отвори откупен центар за овошје во Македонија денеска ќе престојуваат во Гевгелија.
Притоа, ќе остварат средба со градоначалникот на општина Гевгелија, Иван Франгов и компаниите-производители на овошје изеленчук во овој регион.
Според најавите од израелската компанија во Македонија има повеќе од поволни климатски услови, така што инвестицијата првично би била насочена кон отворање центар за пакување и ладилници во соработка со постојните производители во државата.
Во првата фаза компанијата планира да почне со логистички центри за да се испитаат можностите и пазарот со цел да се утврди најдобриот модел и потенцијалните пазари.
По ова би продолжиле со сопствено производство на единствени сорти на овошје како сливи, круши, кајсии, јаболка и праски, со што компанијата би понудила 10.000 тони овошје годишно.
Компанијата има меѓународни стандарди за квалитет, вклучувајќи Глобалгап, БРЦ и ИСО 9001 и поседува пакувачки капацитети, ладилници и транзит- станици.
