Учениците од утре на зимски распуст
Засега нема одложување на стартот на второто полугодие, надлежните сметаат дека епидемиолошката состојба е стабилна.

Завршува првото полугодие. Учениците од основните и средните училишта одат на тринеделен зимски распуст. Предвидено е да се вратат на настава на 20-ти јануари, според календарот на Министерството за образование и наука.
Засега нема одложување на стартот на второто полугодие, надлежните сметаат дека епидемиолошката состојба е стабилна.
По препорака на Комисијата за заразни болести и со одлука на Владата, учебната 2021/2022 на 1-ви септември почна со отворени училишта и настава со физичко присуство за сите ученици организирана според утврдени антиковид-протоколи. Исклучок се учениците ослободени со медицински потврди.
Според МОН, процентот на нови позитивни случаи во училиштата не се зголемувал повеќе од 0,03, а активни случаи со Ковид-19 кај учениците со физичко присуство во првото полугодие не надминал 0,3 проценти.
