САД- РУСИЈА

Денеска разговори Бајден- Путин

30.12.2021 11:02

Во соопштението од Советот за национална безбедност се вели дека администрацијата на Бајден, продолжува да се ангажира во обемна дипломатија со европските сојузници и партнери...

Американскиот претседател Бајден денеска ќе разговара со неговиот руски колега Путин. Во соопштението од Советот за национална безбедност се вели дека администрацијата на Бајден, продолжува да се ангажира во обемна дипломатија со европските сојузници и партнери, консултирајќи се и координирајќи за заеднички пристап како одговор на руското воено засилување на границата со Украина.

Бајден претходно разговарал со лидерите ширум Европа, а претставници на администрацијата на Бајден се консултирале и со НАТО, Европската унија и Организацијата за безбедност и соработка во Европа.