Град Скопје
Престанува да важи бесплатниот автобуски превоз во Скопје
30.12.2021 11:06
Град Скопје вчера ја донесе одлуката поради подобрување на состојбата со загаденоста на воздухот и по добиено известување од Министерството за животна средина и просторно планирање...

Престанува да важи мерката за бесплатен автобуски превоз, која беше прогласена во понеделникот.
Град Скопје вчера ја донесе одлуката поради подобрување на состојбата со загаденоста на воздухот и по добиено известување од Министерството за животна средина и просторно планирање, а врз основа на податоци од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на воздух.
Мерката за бесплатен јавен превоз во главниот град беше активирана на 27-ми декември откако два дена последователно беше надминат прагот на алармирање за ПМ10 честички во воздухот.
