Култура

Изложба „Навезени спомени“ во чест на Блаже Конески

30.12.2021 11:21

На изложбата се презентирани 53 најкарактеристични везови, од различни етнографски области во нашата земја...

Во Музејот на Република Северна Македонија е отворена изложба „Навезени спомени“. На изложбата се презентирани 53 најкарактеристични везови, од различни етнографски области во нашата земја.

Везовите, коишто се поставени во 30 рамки претставуваат значајно сведоштво за креативноста, оригиналноста и вештината на македонската жена-везилка, но и за традицијата, што се пренесувала низ генерации.

Изложбата е поставена во чест на нашиот познат и меѓународно признаен поет, Блаже Конески, кој во своето творештво ги воспеал и вредностите на македонската жена.

На овој начин, Музејот на Република Северна Македонија, дава свој придонес кон одбележувањето на 100 годишнината од раѓањето на втемелувачот на современата македонска филологија и лингвистика.