Македонија

МВР: 68 санкции за возење под дејство на алкохол

30.12.2021 11:43

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови...

Вчера вечер во периодот од 18.00 до 22.00 часот МВР спроведе зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на државата, при што санкционирани се 68 возачи.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, соопштуваат од МВР.