Со 105 милиони фунти ќе се помагаат државите во справување со Омикрон
Парите ќе бидат наменети за мерки за намалување на преносот, зголемување на тестирањето и зголемување на снабдувањето со кислород...

Британија вети 105 милиони фунти итна помош за ранливите нации, особено во Африка, поради ширењето на високо преносливиот сој Омикрон.
Парите ќе бидат наменети за мерки за намалување на преносот, зголемување на тестирањето и зголемување на снабдувањето со кислород. Заедно со другите богати земји, Британија е обвинета дека не прави доволно за да ги дистрибуира резервите на вакцини до посиромашните земји, што според некои научници е клучно за запирање на појавата на нови соеви.
Стејт департментот соопшти дека Британија испорачала 30 милиони вакцини на остатокот од светот, како што вети до крајот на 2021 година, како дел од ветените 100 милиони вакцини за донирање.
