Почна тридневниот штрајк на пилотите на Луфтханза

02.04.2014 11:45

Штрајкот е поради притисокот на компанијата пилотите да не се пензионираат на 55 годишна возраст, туку да работат подолго, а тие не се согласуваат...

Пилотите на Луфтханза утрото го почнаа штрајкот којшто ќе го парализира сообраќајот на германските воздухопловни компании.

Откажани се 3 800 летови со што се  погодени 425 000 патници од денеска до петок навечер.

Компанијата ги известила патниците на разни начини, преку СМС пораки, меилови и им понудила летови на други компании. Штрајкот е поради притисокот на компанијата пилотите да не се пензионираат на 55 годишна возраст, туку да работат подолго, а тие не се согласуваат.

Министерот за сообраќај Александер Добринд изјавил дека секој ден од штрајкот носи огромни последици за стотина илјади луѓе.

Соња Стојановска