Црвен крст

Пандемијата го зголеми бројот на бездомници

30.12.2021 12:44

Во изминативе три години бројката на бездомни лица се зголемила за 50 проценти. Во базата на Црвениот крст на Град Скопје се регистрирани околу 250 бездомни лица, а на неделно ниво 150 од нив ги користат услугите на пунктот.

15 години улицата е неговиот дом, судбината си поиграла со него кога имал 18 години. Од тогаш животот вели го минува од денес за утре. Топол оброк и пијалок е секогаш добредојден, а и можноста секој петок во пунктот за бездомници да се искапе и да добие чиста облека.

33- годишниот Цветан Стојчевски бара од институциите да имаат слух за бездомните лица и да им помогмнат да најдат работа за да се реинтегрираат во општеството.

Во изминативе три години бројката на бездомни лица се зголемила за 50 проценти. Во базата на Црвениот крст на Град Скопје се регистрирани околу 250 бездомни лица, а на неделно ниво 150 од нив ги користат услугите на пунктот.

Заради студениот бран, пунктот ќе стане прифатилиште за преноќување на бездомните лица. Доколу граѓаните забележат лице на кое му е потребна помош, може да се јават на телефонскиот број 071 733 171, апелираат од Црвениот крст.

Александра Спировска