Регулаторна попладнево ќе ја соопшти новата цена на електричната енергија
Регулаторна ја донесе новата цена на електричната енергија која официјално ќе биде соопштена попладнево. Бидејќи ЕСМ веќе ја зголеми цената на 40 евра за мегават час, Комисијата решаваше само за барањата на Електродистрибуција и на МЕПСО за зголемувања на нивниот удел за 100 односно 82%...

Регулаторна ја донесе новата цена на електричната енергија која официјално ќе биде соопштена попладнево. Бидејќи ЕСМ веќе ја зголеми цената на 40 евра за мегават час, Комисијата решаваше само за барањата на Електродистрибуција и на МЕПСО за зголемувања на нивниот удел за 100 односно 82%.
Владата деновиве донесе одлука струјата произведена од обновливи извори повеќе да не ја набавува ЕВН Хоум и таа да им се распредели на сите снабдувачи, по цени далеку пониски од берзанските, со што истовремено се намалуваат трошоците за ЕВН Хоум и притисокот за зголемување на крајната цена на струјата за потрошувачите.
Во однос на парното, барањето на БЕГ за енормно поскапување на цената на топлинската енергија е вратено, затоа што недостасува договорот за купување на природен гас за чија цена Макпетрол сè уште преговара со руската компанија Гаспром.
По финализирање на договорот, Регулаторна ќе одлучува за новата цена на топлинската енергија.
