Кацарска: Собранието да избере нови уставни судии
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска реферираше за сработеното. Примиле 148 предмети, решиле 173, се работеле и предмети од претходни години...

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска реферираше за сработеното. Примиле 148 предмети, решиле 173, се работеле и предмети од претходни години.
Најголем дел од предметите се за оценка на уставноста и на законитноста, но се постапувало и по барања за заштита на човековите права и слободи, се одржале и јавни расправи. Но, уставниот суд има голем проблем, го нема потребниот број судии.
„Во име на Уставот и неговото бескомпромисно почитување и штитење барам и апелирам до Собранието да се изберат нови уставни судии затоа што во прашање ќе го доведат легитимитетот на идните одлуки, но секако и квалитетот, а особено довербата на граѓаните во Уставниот суд што следствено значи губење на доверба во правниот систем“, нагласи Кацарска.
