Расте бројот на заболени со Омикрон во регионот
Расте бројот на заболени со Омикрон варијаната на ковид во соседството. Рестрикции и забрани за собири. Во Бугарија за едно деноноќие 162 починати. Во Грција кафеаните без музика и со ограничен број посетители...

Расте бројот на заболени од ковид во Бугарија. За само едно деноноќие 162 лица починале, 150 од нив не биле вакцинирани. Во Грција наспроти новогодишната ноќ угостителските објекти, без музика, најмногу шест гости на маса. Спортски натпревари со гледачи до десет отсто од капацитетот. Од дома работат за 50 насто од вработените во јавниот и приватниот сектор.
„Тука сум за да направам да се проверам себе си. Добиваме брзи тестови за да знаеме дали сме заразени или не. Ако сме болни, тогаш сме заразни. Бројки се големи.“
„Повеќе тестови и повеќе случаи, изгледа како да излегува од контрола. Тоа е тоа.“
„Треба да бидеме внимателни и да се вакцинираме, така велам“- велат жители на Атина.
Мерките беа планирани за понеделник, но откако за само два дена во земјата регистрираше над 50.000 случаи на Ковид-19, грчката влада одлучи да го забрза воведувањето на рестрикциите што ќе важат до 17-ти јануари 2022-та година.
Отстапка има за новогодишната ноќ, кога угостителските објекти ќе бидат со продолжено работно време до два часот по полноќ.
Велика Британија ќе ги помага државите во справување со Омикрон
Британија вети 105 милиони фунти итна помош за ранливите нации, особено во Африка, поради ширењето на високо преносливиот сој Омикрон. Парите ќе бидат наменети за мерки за намалување на преносот, зголемување на тестирањето и зголемување на снабдувањето со кислород.
Бројот на заразни низ светот се ближи до 285 милиони
Бројот на случаи во светот се зголеми на 284 милиони 906 илјади. Животот го загубија над 5 милиони луѓе, а бројот на оздравени достигна 252 милиони. Светската здравствена организација објави дека варијантите делта и омикрон претставуваат двојна закана и создаваат ефект на цунами. Во многу земји, бројот на дневни случаи достигна највисоко ниво од почетокот на епидемијата.
Марина Ристова
