Сеголен Ројал во владата на Франсоа Оланд
02.04.2014 11:51
Во владата на француските социјалсити се враќа поранешната животна придружничка на Франсоа Оланд, Сеголен Ројал како министер за екологија и издржлив развој...

Премиерот на Франција Мануел Валс по консултациите со претседателот Франсоа Оланд, го обелодени составот на новата француска влада, јавува дописникот на МРТ од Париз.
Во владата на француските социјалсити се враќа поранешната животна придружничка на Франсоа Оланд, Сеголен Ројал како министер за екологија и издржлив развој. Министер за надворешни работи останува Лоран Фабиус исто како Жан Ив Ле Дриен министер за одбрана.
За министер за внатрешни работи е назначен Бернар Казнев, додека Беноа Амон министер за образование, Орели Филипети министер за култура, Стефан Ле Фол Министер за земјоделство и портпарол на владата. Крситијан Тобира останува Министер за правда, додека Мишел Сапан министер за финасии,
Арно Монтебург станува министер за економија и економска обнова, Марисол Турен министер за социјални работи, а Франсоа Ребасмен министер за труд,
Вкупно шеснаесет министри во вотрата влада на Оланд, наместо досегашните 20 министри.
Зелените и генерација екологија не се во владата на Мануел Валс на големо разочарување на парламентарците од оваа партија.
Мануел Валс се очекува да ја поретстави новата владина политика во вторник пред Францускиот парламент.
Тони Гламчевски
