Кацарска апелира да се изберат нови уставни судии
Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска реферираше за сработеното. Примиле 148 предмети, решиле 173, се работеле и предмети од претходни години. Најголем дел од предметите се за оценка на уставноста и на законитоста, но се постапувало и по барања за заштита на човековите права и слободи, се одржале и јавни расправи. Но, уставниот суд има голем проблем, го нема потребниот број судии…

Наместо со девет, Уставниот суд од средината на јануари ќе работи само со пет судии, а во моментот функционира без една третина од судиите. Со ваков состав не можат да ги гласаат законите за кои е потребно двотретинско мнозинство.
Претседателката апелира до законодавниот дом да се изберат нови. Недостасуваат судии кои се на предлог на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
Ваквата состојба веќе се одразува со негативен ефект врз работата на судот, вели Кацарска. Изминатиот период беа целосно одложени 11 предмети за кои се чека полн состав.
Кацарска смета дека Собранието го игнорира Уставниот суд. Без целосен состав на судии, не може да се гласа деловникот за работа на владата и Закон за јавно обвинителство, а заглавени е и Законот за високо образование, информира првиот судија на Уставен, Кацарска.
Во текот на 2021-ва, уставните судии решил 173 предмети, меѓу нив имало и заостанати.
Наташа Гркова-Петрушевска
