Нови 373 случаи со Ковид-19, починати 12 лица во последното деноноќие
Вкупната бројка на Ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 224.507, бројот на оздравени пациенти е 211.548, на починати е 7.953, а бројот на активни случаи изнесува 5.006.

Во последните 24 часа направени се 5.489 тестирања, а регистрирани се 373 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 196, Битола – 36, Охрид – 20, Кавадарци – 18, Прилеп – 17, Струмица и Гевгелија – по 11, Велес – 9, Крива Паланка – 7, Куманово и Штип – по 6, Кичево, Неготино, Ресен, Валандово и Македонски Брод – по 4, Тетово, Кочани и Делчево – по 3, Радовиш – 2, Струга, Богданци, Демир Хисар, Демир Капија и Дојран – по 1.
Регистрирани сe 320 оздравени пациенти. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 12 починати лица: 8 починати лица од Скопје (54г, 66г, 68г, 71г, 79г ,87г, 87г и 87г), две починати лица од Битола (67г и 72г) и по едно починато лице од Кичево (75г) и Штип (74г). Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се шест починати лица со датум на смрт од 03.12. до 21.12.2021 година. Регистрираните се починати лица од Скопје (3), Битола(1), Куманово (1) и Струга (1). На возраст од 65 до 92 години. Три лица се починати во болнички услови и три лица се починати во домашни услови.
Вкупната бројка на Ковид- дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 224.507, бројот на оздравени пациенти е 211.548, на починати е 7.953, а бројот на активни случаи изнесува 5.006.
Досега во земјата се направени вкупно 1.591.522 тестирања на Ковид-19.
