Инспекторатот тврди- големите компании не се причина за аерозагадувањето
Инспекторите тврдат дека големите индустрии не се причина за аерозагадувањето. Директорот на инспекторатoт вели дека работат според стандарди и не отстапуваат...

Големите компании не се причинителот за аерозагадувањето периодов. Инспекторатот за животна средина извршил редовни контроли кај половина од нов, другата половина ќе ја проверат во јануари. Директорот Стојковски вели дека компаниите со А интегрирана дозвола работат според стандардите и нема отстапки во нивното работење.
Месецов се остварени 155 редовни и 26 дополнителни надзори. Утврден е еколошки инцидент во рудникот Булмак – Пробиштип каде што имало истекување на јаловина. Субјектот е задолжен да направи санирање на местото каде што го направил еколошкиот инцидент и е покрената постапка согласно Законот за животна средина за прекршоци од трета категорија каде што предвидена е казна од 100 илјади евра.
Стојковски потенцираше дека за 2022-ра година, планирани се шест нови вработувања од кои тројца инспектори и тројца административци.
Од први јануари ќе профункционира и платформата Е-инспектор која ќе се спроведува во три инспекторати. Се воведува и дигитализација на инспекциските постапки.
Во однос на подобрување на транспарентноста, инспекторатот заедно со Институтот за комуникациски студии работи на изготвување на интерактивна мапа која ќе содржи податоци извештаи за спроведени инспекциски надзори.
Катерина Топалова
