Политика

Мицкоски: Хаотична состојба во енергетиката

30.12.2021 15:51

Енергетската криза е резултат на лошото менаџирање со капацитетите, вели лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Мицкоски. Од РЕК Битола порача, постојат сомневања дека се злоупотребуваат јавните набавки...

Без разлика која ќе биде новата цена на електричната енергија состојбата во енергетскиот систем сама по себе е хаотична, порача од пред РЕК Битола лидерот на опозицијата Христијан Мицковски. Слушнавме дека ќе се укинува евтината тарифа што ја воведоа како нивно изборно ветување. Според мене, само тоа пет до седум проценти ќе ја зголеми цената на електричната енергија, а ако на тоа се додаде и она најоптимистичко сценарио, кое го кажуваа за десет проценти редовно покачување, тогаш нето цената и вака би била повисока за 15-ина отсто, вели Мицкоски.

Тој со пораки до работниците кои треба да се најдат на списоците за тримесечен неплатен одмор, но и до менаџментот на ЕСМ. Идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема намера кон никого да се реваншира и никого да брката од работа туку да го води комбинатот профитабилно како во минатото. За неодговорниот однос и криминалот на раководството, ќе  бараме одговорност, вели Мицкоски.

Вели дека не очекува нешто повеќе од најавата на новиот мандатар дека идната влада фокусот пред сѐ ќе го стави на економијата. За Мицковски тоа ќе било едно „копи пејст“ на политиките на неговиот предходник.

Стевче Митревски