Намалени сметки за струја за најранливите категории граѓани
Над 7.500 домаќинства со ниски приходи цела 2022 година ќе добиваат намалени сметки за струја за 600 до 800 денари. Следниот месец ќе се распише јавен оглас. Министерот Бектеши уверува - ќе нема рестрикции на електричната енергија, ниту пак ќе има потреба од нејзин увоз...

Домаќинствата со ниски примања, кои не се приматели на помош, ќе добијат помали сметки за електрична енергија за 600 до 800 денари месечно. Услов е редовните месечни примања да не го надминуваат нето приходот, и тоа за самец до минимална плата, за двочлено домаќинство до 18.000 денари, трочлено до 21.000, четворочлено до 25.000. Според владината програма за ранливи потрошувачи на енергија за 2022 година, предвидени се 60 милиони денари. Треба да се опфатат околу 7.500 домаќинства.
Бектеши уверува дека рестрикции на електрична енергија нема да има и дека сите колични на електрична енергија потребни за универзалниот снабдувач ќе бидат целосно обезбедени од домашното производство без никаков увоз во јануари.
Марија Котовска
