Со полабави мерки од лани, граѓаните ќе ја дочекаат Новата 2022-ра година
Со полабави мерки во однос на лани, граѓаните ширум државата ќе ја испратат старата 2021-ва, а ќе ја дочекаат новата 2022-ра година. На плоштадот во метрополата македонски музички изведувачи ќе ја збогатат прославата...

Со полабави мерки во однос на лани, граѓаните ширум државата ќе ја испратат старата 2021-ва, а ќе ја дочекаат Новата 2022-ра година.
Овој 31-ви декември и покрај тоа што пандемијата предизвикана од Ковид-19 е сѐ уште присутна, граѓаните се организираат да ја прослават Новата година на плоштадите, во туристичките центри, во кафеаните, рестораните, пабовите, за разлика од лани кога состојбата со вирусот поттикна воведување на рестриктивни мерки и забрани.
Некои земји, поради ширењето на новата варијанта на Ковид-19, Омикрон, забранија прослави на отворено, го откажаа дочекот на Новата година и воведоа рестрикции.
На плоштадот „Македонија“ во главниот град, новогодишна прослава ќе има. Според програмата, вечер од 21 часот, на скопскиот плоштад ќе можат да се слушнат групите „Пука козметика“, „ДНК“ и „Нокаут“, фолк пејачите Наум Петрески и Зуица Лазова, како и ди-џеј Славе.
Со порака за претстојните празници вчера излезе министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, кој потсети дека треба да празнуваме одговорно, да се погрижиме да го сочуваме сопственото и здравјето на најблиските.
