Образование

Учениците од денеска на тринеделен зимски распуст

31.12.2021 09:20

Поместување на зимскиот распуст односно одложување на почетокот на второто полугодие засега не се планира зашто, според надлежните, состојбата со Ковид-19 и натаму е стабилна, иако сојот омикрон е потврден и во земјава.

Околу 260 илјади ученици во основните и средните училишта од денеска се на тринеделен зимски распуст, кој ќе трае до 19 јануари. Според календарот на МОН за организација на наставата, во училишните клупи треба да се вратат на 20 јануари за да ја продолжат учебната 2021/2022 година.

Поместување на зимскиот распуст односно одложување на почетокот на второто полугодие засега не се планира зашто, според надлежните, состојбата со Ковид-19 и натаму е стабилна, иако сојот омикрон е потврден и во земјава.

По препорака на Комисијата за заразни болести и со одлука на Владата, учебната 2021/2022 на 1 септември почна со отворени училишта и настава со физичко присуство за сите ученици организирана според утврдени антиковид-протоколи. Исклучок се учениците ослободени со медицински потврди.