Непоразената Барселона гостува во Милано
Со вечерашниот дерби натпревар меѓу Емпорио Армани и Барселона, стартува 13 коло од Топ 16 фазата во кошаркарската Евролига. Тоа ќе биде дуел на екипи кои се сигурни учесници во четвртфиналето, без оглед на резултатите во последните четири кола во “Е“ групата, па мечот ќе има карактер на меѓусебен престиж. Барселона е единствената непоразена досега од сите 16 тима, и главниот мотив ќе им биде да го одржат перфектниот ефект, предводени од Анте Томиќ, кој втор месец едноподруго е прогласен за најдобар кошаркар во шампионската лига.

Со вечерашниот дерби натпревар меѓу Емпорио Армани и Барселона, стартува 13 коло од Топ 16 фазата во кошаркарската Евролига. Тоа ќе биде дуел на екипи кои се сигурни учесници во четвртфиналето, без оглед на резултатите во последните четири кола во “Е“ групата, па мечот ќе има карактер на меѓусебен престиж. Барселона е единствената непоразена досега од сите 16 тима, и главниот мотив ќе им биде да го одржат перфектниот ефект, предводени од Анте Томиќ, кој втор месец едноподруго е прогласен за најдобар кошаркар во шампионската лига. Италијанците се убедливо втори во групата и се наоѓаат во серија од 6 едноподруго победи, остварени токму по поразот кај Каталонците во 7 коло со 80:70, што беше само трет за клубот од Милано во оваа фаза.
Натпреварот се игра вечерва од 20 часот, и тој е единствен од осумте во ова коло. Утре се среќаваат Панатинаикос – Уникаха Малага и Лаборал – Фенербахче Улкер, а во петок Анадолу Ефес го пречекува Олимпијакос. Во “Ф“ групата утре играат Баерн – Макаби, а задутре ЦСКА – Галатасарај, реал Мадрид – Локомотив и Партизан – Жалгирис.
