МВР
Запленети околу 2.000 парчиња пиротехнички средства на Бит Пазар
31.12.2021 10:09
На Бит Пазар биле пронајдени и одземени 1.828 парчиња разновидни пиротехнички средства, информираат од МВР...
Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје и полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР вчера извршиле координирана акција за спречување на продавање и употреба на пиротехнички средства на подрачје на град Скопје. Притоа, на Бит Пазар биле пронајдени и одземени 1.828 парчиња разновидни пиротехнички средства.
По целосно документирање и расчистување на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
